Катастарските планови ќе се дигитализираат

Bez autora
May 21 2013

Од 1.906 катастарски општини во земјава, 420 веќе се дигитализирани. Моментно Агенцијата за катастар на недвижности врши одржување на 13.053 листови од сите видови катастарски планови, но целта е сите тие да бидат и во дигитална форма. Овој процес, според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славчо Трпевски, треба да се случи до крајот на 2014 година. Со дигитализацијата на катастарските планови трајно ќе се зачуваат оригиналните катастарски планови кои се во хартиена форма. Придобивките од дигитализацијата на плановите е голема: поедноставно ќе се користат, со што треба да се намали периодот за решавање на предметите на граѓаните, ќе придонесе за скратување на рокот за запишување на правата на недвижностите, ќе овозможи издавање копија од катастарски планови на шалтер, исто како имотни листови, како и дефинирање на стандарди за изготвување на дигитални геодетски елаборати, олеснет пристап до дигиталните катастарски планови на ниво на целата држава.

Катастарските планови ќе се дигитализираатОд 1.906 катастарски општини во земјава, 420 веќе се дигитализирани. Моментно Агенцијата за катастар на недвижности врши одржување на 13.053 листови од сите видови катастарски планови, но целта е сите тие да бидат и во дигитална форма.

Овој процес, според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славчо Трпевски, треба да се случи до крајот на 2014 година.

- Со дигитализацијата на катастарските планови трајно ќе се зачуваат оригиналните катастарски планови кои се во хартиена форма. Придобивките од дигитализацијата на плановите е голема: поедноставно ќе се користат, со што треба да се намали периодот за решавање на предметите на граѓаните, ќе придонесе за скратување на рокот за запишување на правата на недвижностите, ќе овозможи издавање копија од катастарски планови на шалтер, исто како имотни листови, како и дефинирање на стандарди за изготвување на дигитални геодетски елаборати, олеснет пристап до дигиталните катастарски планови на ниво на целата држава. Дигиталните катастарски планови ќе бидат и основа за воспоставување регистар на просторни единици, графички регистар на улици и куќни броеви и на градежно земјиште, за планирање на просторот, за воспоставување на системи за управување со кризни состојби... - вели Трпевски.

Инаку, работните оригинали за решавање на големиот број предмети се користат секојдневно повеќе од 86 години, што резултира со сериозно оштетување на катастарските планови. Трпевски информира дека за ажурирање на архивските оригинали на дигиталните катастарски планови е изготвен софтвер Македит.

- Преку вака поставениот систем ќе се осигура добивање највисок степен на квалитет на податоците и ќе се овозможи интеграција на графичката база на податоци на дигиталните катастарски планови со алфа нумеричката база на податоци (Е-кат база) во една единствена централизирана база на податоци. Со тоа, Агенцијата за катастар на недвижности во Е-кат на едно место за целата територија на државата ќе добие графички приказ на катастарските парцели поврзани со податоците за сопственоста, површината, култура и класа, виканото место, прибележувањата и хипотеките - рече Трпевски.

Акцискиот план за дигитализацијата предвидува до крајот на годинава да бидат дигитализирани сите катастарски општини во надлежност на пет одделенија за катастар на недвижности. Трпевски вели дека приоритет ќе имаат урбаните средини заради воспоставувањето на катастарот на инфраструктурните објекти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik